Фудбалерите на Лас Палмас изненадувачки го победија Атлетико Мадрид на својот стадион со 1:0, во 32. коло од шпанската Ла Лига. Со овој пораз и на најоптимистите меѓу навивачите на Атлетико им е совршено јасно дека сонот за освојување на титулата е завршен.
„Јорганџиите“ се на третото место со 63 бода, што е за 10 помалку од водечката Барселона на шест кола до крајот. Лас Палмас е во грчевита борба за опстанок, и со овој триумф излезе прв над „линијата“ со 32 бода.
Инаку, мечот беше со многу прекини, „тепачки“, остри стартови и на крајот огромна победа на домашните, со голот на Муњоз во 93. минута.