Немаше голови, па навивачите гледаа циркуз: Клајверт му ги соблече гаќичките на Сар (ФОТО)

180

Денешниот натпревар од Премиер лигата меѓу Кристал Палас и Борнмут заврши без голови, па она за што се зборува најмногу од овој меч е чудната ситуација во второто полувреме, кога гостинскиот фудбалер Џастин Клајверт влезе во мала пресметка со крилото на Палас, Исмаила Сар и му ги стурна гаќичките.

Сар се обиде да изблокира изведување на слободен удар, па Холанѓанецот реши да му ги стурне гаќичките на својот ривал. Ситуацијата резултираше со картони за двајцата играчи и неколку фотографии кои остануваат да се вртат по социјалните мрежи.

ПретходноВерстапен со рекорд до пол-позицијата на ГН на Саудиска Арабија (ВИДЕО)
СледноКоленото не изгледа добро: Ридигер мора на операција?