Манчестер Сити долго време е надвор од конкуренција за титулата во англиската Премиер-лига, а до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите, во која ќе се борат петте најдобри англиски клубови.
За ова е свесен и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе се најде во исклучително тешка ситуација доколку не обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.
“Прилично сум сигурен дека играчите прво ќе ги изберат клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите. Можеби некои играчи ќе дојдат дури и ако не играме во Лигата на шампионите, но сигурно ќе има некои кои нема да играат ако не играме. Се уште не сум разговарал со никого, па не знам”, изјави шпанскиот тренер на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот против Евертон.
Тој се осврна и на заминувањата откако Кевин де Брујне објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Освен Кевин де Брујне, другите имаат договори. Сега сме многу фокусирани на крајот на сезоната, имаме шест натпревари во првенството, плус купот, а потоа 10 дена одмор и потоа одиме директно во САД на Светското клупско првенство“, изјави Пеп Гвардиола, чиј договор со „граѓаните“ е со важност до летото 2027 година.