Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович е дома и се чувствува добро откако вчера додека вечерал во локален ресторан му се слошило и бил пренесен во болница. Американските медиуми објавија дека службите за итни случаи одговориле на повикот дека некој се онесвестил во ресторанот.
Попович го пропушти поголемиот дел од оваа сезона поради „благ мозочен удар“ што го доживеа на 2-ри ноември. Оттогаш, вршител на должноста тренер на Сан Антонио е помошник тренерот Мич Џонсон, со кого Грег бил во редовен контакт.
Спарс не посочија дали Попович ќе се врати за стартот на следната сезона, а договорот на американскиот тренер истекува по завршувањето на сезоната 2027/28. Грег освои пет шампионски титули во НБА како тренер на Сан Антонио, а во 2023 година стана член на Куќата на славните на кошарката.