Рома вечерва им се врати на победите во Серија А по последните два нерешени меча во минартите две кола. Момците на Клаудио Раниери во свој стил со „минималец“ од 1:0 ги освоија трите бода против екипата на Верона и натаму напредуваат на табелата во италијанската елита.
Рома започна одлично, поведе уште во четвртата минута, а тоа се покажа како решавачки момент во играта. Тоа беше брилијантна акција на „волчицата“. Започна со размена на брзи додавања во сопствената половина, а Кристанте упати перфектна долга топка на левата страна за Соле, кој натрча во шеснаесетникот додаде до узбекистанскиот центарфор Елдор Шомуродов кој погоди за 1:0.
Во продолжение слаб фудбал и целосна контрола на Рома и победа за искачување на 5. место на табелата.
Standings provided by Sofascore