Уште еден „луд“ натпревар: Барса од 1:3 до 4:3 со гол од пенал во 98. минута (ВИДЕО)

122

Попладнево на стадионот „Монжуик“ се одигра неверојатен натпревар во кој екипата на Барселона со неверојатен пресврт од 1:3 дојде до победа над Селта од 4:3. Домашните дојдоа до очекуваните три бода, иако Селта имаше големи шанси да остане непоразена.

Барса отвори со голот на Торес во 12. минута за 1:0, но радоста на Каталонците траеше само три минути бидејќи Борха Иглесијас во 15. минута погоди за 1:1. Во вториот дел Селта брутално ги казни грешките на Барса. Во 52. минута повторно на сцена стапи Борха Иглесијас кој го постигна вториот гол по големата грешка на Де Јонг за предност на гостите од 1:2.

Десет минути подоцна 1:3 за Селта. Борха повторно го завршува брзиот контранапад со гол за хет-трик.

Сепак, гостите од Виго не успеаја долго да ја задржат предноста. Во 64. минута Дани Олмо погоди за 2:3, а потоа во 68. минута Рафиња погоди за 3:3. Барса тргна со четврти гол, а до триумфот стигна длабоко во судиското надополнување кога беше досуден пенал.

Рафиња ја презема одговорноста и постигнува гол за победа на Барселона со 4:3 во 98 минута (ВИДЕО).

Standings provided by Sofascore

 

Претходно„Граѓаните“ славеа на „Гудисон“ со два гола во последните 10 минути (ВИДЕО)
СледноГандо за “европска“ победа на Работнички, еве како сега изгледа табелата по 28.коло! (ФОТОГАЛЕРИЈА)