Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, по мечот со селта и победата со голот од пенал во 98. минута, вели дека победата е резултат на менталитетот на тимот.
„Кога победувате, уживате во ваквите игри. Игравме против одличен тим. Не е ни чудо што имавме толку многу потешкотии. Тие се одличен тим и имаат одличен тренер. Веќе разговаравме за ова на прес-конференцијата. Треба да почекаме утре наутро за да ја процениме состојбата на Левандовски. Многу сум задоволен од начинот на кој реагиравме на 1-3. Тимот никогаш не се откажува, таков е нашиот менталитет. Вториот гол што го примивме беше грешка. Сè уште сум импресиониран од реакцијата на играчите во последниот дел од натпреварот. Рафиња е многу важен. Тој секогаш има позитивен став, кој успева да го пренесе на останатите соиграчи“, изјави Флик.