Вистински хаос и во Струга, каде домашната Струга ТЛ и Гостивар одиграа 1:1.
Овој исход не им одговараше на гостите, па затоа по мечот, како што се гледа од фотографијата и видеото, дошло до мешаница пред соблекувалните на стадионот во Струга. Во тие моменти неколку играчи на Гостивар нападнале припаднци на МВР па веднаш биле приведени во полициската станица.
Ова не е првпат сезонава луѓе од Гостивар да се приведени, да се потсетиме дека и во Кавадарци пред неколку кола се случи тоа.