Виктор Ѓокереш, репрезентативецот на Шведска и актуелен напаѓач на Спортинг Лисабон си кажал каде сака да оди. Еден од најбараните фудбалери на пазарот ова лето секако дека ќе биде во центарот на вниманието, но се чини дека тој уште сега знае каде ќе оди.
Иако има понуди од речиси сите гиганти во Премиерлигата, тој го одбрал Арсенал и таа негова одлука им ја соопштил на луѓето од раководството на Спортинг Лисабон.
Ова го пренесуваат денеска медиумите во Португалија, со напомена дека клубот од Лисабон ќе заработи најмалку 100 милиони евра од овој трансфер, толку Арсенал би можел да го плати Швеѓанецот.
Се разбира дека Ѓокереш тимот на Артета ќе го добие тоа што со години го нема, и што е најголемиот проблем да дојде до титулата во ПЛ, а тоа е класичен голгетер.