Уште еден одличен настап за нашиот репрезентативен играч за врска Тихомир Костадинов во дресот на Пјаст во меч од елитната лига во Полска.
Иако не постигна гол, сепак Македонецот и тоа како има заслуга за голот на неговиот тим во 90+1.минута, гол со кој Пјаст освои бод.
Имено при резултат 0:1 за гостинскит состав на Корона, Костадинов асистираше до Моква кој ја затресе гостинската мрежа за израмнување, за конечни 1:1.
Костадинов го одигра целиот меч и беше еден од најдобро оценететие играчи на овој меч.