Индијана супериорно против Милвоки за прва плеј-оф победа

51

Кошаркарите на Индијана со убедлива победа против Милвоки го означија почетокот на плеј-офот во НБА лигата. Пејсерси пред своите навивачи го направија првиот чекор кон полуфиналето на Источната конференција победувајќи против бакс со 117:98.

Домашните имаа речиси перфектно прво полувреме, особено во нападот, а за 24 минути постигна 67 поени. На пауза заминаа со +24и потоа им беше многу полесно да одат до првиот успех.

Паскал Сијакам беше најдобар во домашниот тим со 25 поени, Мајлс Тарнер додаде 19, а Ендрју Нембхард 17. Кај Бакс, кои беа без Демиен Лилард, доминираше Адетокумбо со 36 поени.

ПретходноКоленото не изгледа добро: Ридигер мора на операција?
СледноАлчевски доби шанса во првиот тим на Хапоел и одбрани пенал (ВИДЕО)