Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година со отштета од 85 милиони евра. Така, тој стана најскапиот дојдовен трансфер во историјата на клубот. И покрај тоа и тоа што има договор со „црвените“ до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на него.
Тоа беше објавено од Фабрицио Романо: “Нуњез се очекува да го напушти Ливерпул на лето. Клубот ја одби понудата од Ал Наср во јануари, но ќе ги разгледа сите опции во наредните месеци. Нуњез исто така е отворен за нов предизвик.”
Ливерпул плати рекордна сума за уругвајскиот напаѓач откако Нуњез одигра одлична сезона за Бенфика, но тој не успеа да повтори такви настапи во англискиот гигант.
На 138 настапи за Ливерпул, тој постигна 40 и постави 26 гола, но стана далеку попознат или неславен по своите бројни и големи промашувања. Сезонава на 42 настапи постигна и постави седум гола, но само 17 пати беше стартер.