Марк Гасол пред 10-15 години беше светска кошаркарска ѕвезда. Шпанецот во свое време и тоа како се прослави, и во НБА имаше одлични сезони.
Тој Гасол деновиве за еден подкаст кажа една луда приказна поврзана со браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања.
„Во таа 2009 година бев на свадба во Србија кај Дарко Миличиќ. Секако дека пиев ракија, и во еден момент до мене седнаа двајца џинови и почнаа да ми додеваат како тоа и тие имале брат кој играл кошарка како мене и слични работи. Јокиќ во тој момент имаше 14 години и никој не знаеше за него. Заврши разговорот со нив и секако дека бев љубезен, а кој не би бил ако ги видиш двајцата како изгледаат. И искрено по малку заборавив на тој разговор“ истакна Гасол, кој не крие дека по неколку години доживеал шок:
„Неколку години потоа гостував со својот тим во Денвер и за време на загревањето, ете ти ги тие двајца џинови. Викаа по мене – Марк, Марк. Јас се прашував што прават тие овде. Кога ми кажаа дека Никола им е тој брат за кого ми говореа на свадбата конечно ја сфатив целата приказна. Сега според мое мислење Никола е еден од најдобрите кошаркари во историјата на таа позција“ посочи Шпанецот.