Мектоминеј ја продолжи голгетерската низа за нова победа на Наполи (ВИДЕО)

50

Со својот деветти сезонски гол, извонредниот Шкотланѓанец во составот на наполи, Скот Мектоминеј, им донесе нова победа на наполитанците во Серија А лигата. Попладнево на гостувањето кај веќе отпишаната Монца, Наполи славеше со минимални 0:1, токму благодарение на голот во 72. минута.

Распадори асистираше за Мектоминеј кој уште еднаш покажа дека се наоѓа во врвна форма откако си замина од „Олд Трафорд“ и се пресели во италијанското калчо.

Со оваа победа Наполи останува втор на табелата со идентично бодовно салдо како и Интер, кој се уште го нема одиграно мечот од ова тековно 33. коло. Монца е убедливо последна и веќе се подготвува за преселба во Серија Б.

ПретходноФлик: Победата е резултат на нашиот менталитет, никогаш не се предаваме
СледноКапело: Ако Интер во 2010 го сопре Меси, зошто сега да не го сопре и Јамал!