И покрај тоа што се погласни се најавите дека Карло Анчелоти е веќе бивши во Реал Мадрид, посебно по дебаклот од Арсенал во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, тој никако не сакал да си оди од Мадрид пред јуни 2026 до кога има договор.
Како што пренесуваат медиумите во Бразил и Шпанија, Дон Карло веќе имал контакти со првите луѓе на Фудбалската конфедерација на Бразил за преземање на селекторската функција, но засега од тоа ништо.
Тој е убеден дека може и треба да биде тренер на Реал се до истекот на договорот, тоа и му го пренел на Флорентино Перез, но со важна напомена.
А таа е дека ако Реал сепак му врачи отказ тогаш ќе мора му го исплати целиот договор до јуни следната година, а тоа секако дека и не се така мали пари.