Денеска од 16 часот на програмата е 28.“велигденско“ коло во ПМФЛ. Како што се наближува крајот на првенството, така станува супер интересно во битката за врвот на табелата, но и за опстанокот.
Вардар гостува во Охрид кај Воска и секако дека сака не само продолжување на серијата од 10 меча без пораз оваа пролет на официјални натпревари туку и победа. Вардар има и дополнителен мотив. Воска е стар должник, тим кој на последните шест средби дури петпати го победувал Вардар, последниот меч кој се одигра исто на “Билјанини Извори“ заврши без голови. А за Воска овој меч е да се биде или не.
Дербито се игра во Струга каде сеуште актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ ќе го дочека Гостивар. Ова ќе биде и битка за излез во Европа, битка за тоа трето место на кое сега е Работнички.
Клубот од Градски парк на Арената игра со Пелистер и се освен победа ќе биде лошо, многу лошо за составот на Горан Станиќ во поглед на амбициите за излез во Европа. Од друга страна и на Пелистер му “гори“, во случај на пораз тие и дефинитивно влегуваат во “барабанот“ за гол опстанок.
Тиквеш ја дочекува Брера. Јасно е дека само победа и три бода се во планот на сите во тимот од Кавадарци. Сепак струмичани знаат како треба на гости, тоа го покажаа во Битола во минатото коло.
Шкендија и Силекс, тимовите кои се борат за титулата имаат тешки гостувања кај Беса и Шкупи.
ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Скопје: Работнички – Пелистер
Струга: Струга ТЛ – Гостивар
Скопје: Шкупи – Силекс
Гостивар: Беса – Шкендија
Охрид: Воска – Вардар
Кавадарци: Тиквеш – Брера
ТАБЕЛА
Шкендија 59, Силекс 55, Работнички 49, Гостивар 47, Струга ТЛ 45, Шкупи 33, Вардар 29, Пелистер 29, Брера 24, Беса 24, Тиквеш 23, Воска 22