Попладнево се одиграа сите шест средби од 28.коло во ПМФЛ.
Супер интересни натпревари. Сепак колото го одбележа прекинот во Охрид, каде Воска го напушти теренот и сега ќе следува службена победа за Вардар и тоа на 1:1.
Работнички со златна победа успеа да дојде до големи три бода и тоа со пресврт. Пелисттер поведе со голот на Ивановски,за да потоа Гандо со два гола му донесе триумф на домашниот состав.
На дербито во Струга без победник, Струга ТЛ и Гостивар одиграа 1:1, со головите на Кехинде и Каланоски.
Супер интересно беше на средбата Беса – Шкендија, која на крај ја доби лидерот со 2:3. Беса имаше 1:0 и 2:2, но сепак на крајот славеа тетовци кои итаат кон титулата.
Соп пресврт до победа дојде и Силекс кај Шкупи. Ансах донесе домашно водство за да Ѓорѓиевски и Алиќ донесоа големи три бода за кратовци.
Тиквеш со головите на Стојкоски и Воша, ја победи Брера со 2:1. Ова беше меч да се биде или не за кавадарчани.
РЕЗУЛТАТИ 28.КОЛО
БЕСА – ШКЕНДИЈА 2:3
(Селмани 12., 65./Ибраими (п) 23., Тамба 37.,Мерџани 80.)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2:1
(Гандо 65., 88./Ивановски 39.)
ШКУПИ – СИЛЕКС 1:2
(Ансах 32./М. Ѓорѓиевски 63., Алиќ 69.)
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1:1
(Кехинде 86./Каланоски 51.)
ТИКВЕШ – БРЕРА 2:1
(Стојкоски 26., Воша 85./Травали 90+4)
ВОСКА – ВАРДАР 1:1 (прекин)
(Осеи 17./Дурански 73.)