По се она што се случи по завршување на дербито во Струга, откако дел од играчите беа приведени од страна на полицијата и однесени во полициската станица во градот, тие сеуште се таму.
“СпортСпорт“ ексклузивно објави дека фудбалери на Гостивар нападнале припадници на МВР и затоа се во полициска станица, а клубот од Гостивар, како по обичај повторно излегува со полноќни соопштенија.
Соопштението, со кое Гостивар го потврдува настанот, ви го пренесуваме во целост:
“Нашите 3 фудбалери и 1 член на стручниот штаб се 5 часа приведени во полициската станица во Струга. Не смеат да се гледаат со своите сопруги или соиграчи. Управата на тимот и нашиот спортски директор со часови чекаат на студот пред полициската станица да добијат вести од играчите“.