Во Северна Кореја ќе се пренесуваат мечеви од Премиерлигата, но со луди правила!

2237

Конечно. Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се согласил во блиска иднина да се започне со пренесување на натпревари од Премиерлигата.

Секако дека ова звучи сензациоално и просто за неверување ако се знае за затвореноста на таа земја во поглед на она што доаѓа од светот, а посебно за фудбалот.

Сепак, првиот човек на С. Кореја одредил и свои правила или луди правила.

Имено нема да се пренесуваат во живо, туку малку одложено и ќе траат тие „репризи“ или снимки најмогу по 60 минути.

Ова се дел од правилата на Ким Џонг Ун:

Секоја реприза од било кој меч ќе трае 60 минути

-Целиот текст на англиски, а и паноата околу теренот ќе бидат покриени со специјални графики

-Сите снимки со играчи од Ј.Кореја ќе бидат остранети. Играчите како Сон (Тотенхем), Ким (Брентфорд) и Хван (Вулверхемптон) едноставно не постојат за жителите на С. Кореја

-Секоја снимка што прикажува ЛГБТ ќе биде најстрого редактиран

Звучи интересно.

На што ли ќе изгледаат тие снимки? Само лидерот на С. Кореја знае.

ПретходноСтоле доби овации на “Валјекас“, ама не доби шанса да брани против својот некогашен клуб! Рајо – Валенсија 1:1! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Беса поведе па Шкендија направи пресврт, прекрасен гол на Чаир, со водство и Пелистер, Тиквеш, Воска, на дербито без голови! (ВИДЕО)