Барселона и официјално потврди за повредата на Левандовски!

128

Она што се најавуваше, тоа и е официјално. Роберт Левандовски ќе биде во „аут“ веројатно три недели поради повреда. Ова денеска го официјализираше каталонскиот гигант откако утринава беа извршени детални лекарски прегледи.

Ова значи дека Левандовски, кој и тоа како е клучен играч на тимот на Ханси Флик не ќе може да настапи против Реал Мадрид во финалето во Копа дел Реј како и на двата полуфинални меча во Лигата на Шампионите со Интер.

Како што се очекуваше, тој вчера се здобил со повреда на мускулот над левата потколеница.

Секако дека ова е голем проблем за тренерот Ханси Флик. Сепак мала олеснитена околност е таа дека Феран Торес игра во одлична форма и дека ќе може достојно да го замени полскиот напаѓач.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
СледноФернандо Мориентес: Можев да умрам!