Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа екипата на Атлетик Билбао со 1:0 во вечерашниот дерби натпревар од шпанската Ла Лига и останаа во битка за титулата.
Реал Мадрид доминираше во текот на целиот натпревар, но гостите од Баскија одлично се бранеа и го чуваа својот гол. По првото полувреме кое помина во нешто понеактивна игра во вториот дел се играше многу побрзо и Реал редеше шанси. Унаи Симон ја заслужи наградата за фудбалер на натпреварот поради фантастичните одбрани кои го држеа Билбао во живот. Сепак, ниту Симон не можеше да го спаси Атлетик Билбао во 93-тата минута кога Федерико Валверде постигна маестрален волеј и му ги донесе трите бода на Реал. Вредат да се споменат и сомнителните одлуки на судијата Мартинез кој не досуди пенал над Џуд Белингем и му поништи погодок на Винисиус во 80-тата минута поради влијание над играта од страна на Ендрик.
Со оваа победа Реал остана во трката за титулата и остана на 4 бода заостаток зад лидерот од Каталонија, додека пак Атлетик Билбао се задржа на 4-тата позиција на табелата со 58 бода