Најдобриот стрелец на Галатасарај, Виктор Осимен, кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, тврдат повеќе извори од Турција. Нигерискиот интернационалец веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“. Ќе добие 15 милиони евра годишна плата на „Олд Трафорд“.
Осимен е во сопственост на Наполи, но пред почетокот на сезоната беше позајмен во Галатасарај и направи бум во истанбулскиот гигант. Досега Нигериецот има 29 гола на 34 натпревари.
Претходно Осимен го продолжи договорот со Наполи до декември 2023. Договорот му обезбедуваше плата од 10 милиони евра по сезона и опција да си замине од „Диего Марадона“ за 120 милиони, но во следните месеци не се најде клуб да ја активира откупната клаузула.
Ова лето, напаѓачот би можел да биде потпишан за 80 милиони евра. Интерес покажаа Јувентус, Арсенал, Челзи и Пари Сен Жермен, но фаворит за потписот на Осимен е Манчестер Јунајтед.
Во договорот на Нигериецот експлицитно стои дека доколку не биде продаден до крајот на јуни, договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една година.