Алкалоид одличен во првото полуфинале, го победи Рунар со пет гола разлика (ФОТО)

208

Екипата на Алкалоид по првата полуфинална пресметка против Рунар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп има предност од 42-37. Единствениот македонски претставник на европска сцена успеа да го издржи скандинавскиот ритам и да одигра уште еден добар меч во ова натпреварување. Момците на Лазаров добро се справија и со играта „седум на шест“ на противникот во вториот дел.

Мартин Серафимов со десет гола беше прв стрелец, седум имаше Џонов, по четири запишаа Петковски, Карасманакис, Ѓоргиев и Стојковиќ. Галевски имаше 4 одбрнани, додека Кизиќ три.

Алкалоид во првите седум минути направи неколку почетнички грешки, кои гостите ги искористија да поведат со 1-3. Првите три гола во овој период македонскиот тим ги постигна од седум метри, сите беа дело на Мартин Серафимов (3-4). Избраниците на Кирил Лазаров со последниот пенал на Серафимов и реализација на Стојковиќ во 9-тата минута го запишаа првото водство (5-4).

Очекувано, дуелот продолжи со игра гол за гол, се играше брз ракомет. На стартот на 13-та минута, Алкалоид остана со двајца играчи помалку на теренот, па гостите вратија за 8-9. Но, дојде време да греши противникот, па македонскиот тим знаеше како да казни, во 20 минута македонскиот тим имаше водство од 15-12, не искористи напад за плус четири. Шанса да ја зголеми позитивата на истата разлика имаше и во 25 минута, при 18-15, Карасманакис направи пробивање. Сепак норвешкиот тим покажа дека зошто е важно да се има фокус цело време, на одморот успеа да намали на еден гол негатива (21-20).

Силното темпо продолжи и во вториот дел, со тоа што Рунар после седум минути успеа да поведе со плус два (24-26). Алкалоид успеа да израмни, не искористи шанса да го врати водството. Гостите се решија за „седум на шест“ во нападот, па Лазаров повика тајм-аут.  После новата негатива од два гола (27-29), Алкалоид најде начин да се врати, со серија од 9-3 дојде на плус четири (36-32) во 51. минута. Македонскиот тим имаше шанси да ја зголеми позитивата, но не искористи неколку моменти, важен удел имаше Иван Галевски.

Избраниците на Лазаров плус четири (38-34) имаа и во 55-та минута, голема штета е што направија пробивање и не ја искористија шансата да поведа со пет гола. Ова го сторија на минута и пол до крајот, Џонов погоди празна мрежа за 41-36. На крајот Алкалоид успеа да го заврши мечот со 42-37.

Реваншот се игра за седум дена на теренот на Рунар.

ПретходноМартин пуштен од болница, но сѐ уште не смее да се врати во Европа
СледноПјастри ја освои Џеда: Трета сезонска победа за пилотот на Мекларен