
Во терминот од 15 часот денеска во рамките на 33.коло во Премиерлигата, се одиграа три меча.
Арсенал како гостин го победи Ипсвич со 0:4 и покажа дека е во супер форма во пресрет на полуфиналните мечеви од ЛШ против ПСЖ. Со овие три бода не му даде на Ливерпул уште денеска да ја прослави титулата. Треба да се каже дека Букајо Сака се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот откако врз него грубо стартуваше Дејвис за што доби црвен картон.
Се разбира по се ова Артета не може да биде среќен ако се знае што значи Сака за неговиот тим.
Кога сме кај стрелеците да кажеме дека серијата голови кај гостите ја започна Тросард, па ја продолжи Мартинели, следуваше голот на Тросард уште еден, за да конечните 0:4 ги постави Нванери.
Челзи со гол во 90+3.минута успеа да дојде до победа од 1:2 на гости кај Фулам во градската пресметка.
Ивоби во 20.минута стрелаше за 1:0 за домашните, а Џорцџ во 83.минита израмни на 1:1 а во судсикото продолжение Нето донесе целосен пресврт и три бода за Челзи, екстра значајни во битката за пласман во ЛШ.
По она лудило во ЛЕ со Лион, денеска мало отрезнување за четата на Рубен Аморим. Пораз од Вулверхемптон со 0:1 на “Олд Трафорд“ и тоа со голот на Сарабиа во 77.минута.