Барса го губи Левандовски за финалето на Купот на кралот и за полуфиналето во ЛШ

311
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски заработи повреда на натпреварот од 32. коло на Ла Лига против Селта, кој го добија драматично со 4:3. Полскиот интернационалец беше принуден да биде заменет во второто полувреме и денеска ќе биде подложен на опсежни тестови за да се утврди неговата состојба.

Според информациите на „АС“, од соблекувалната на Барса се песимисти околу можноста Левандовски да учествува на претстојните натпревари. Можно е да се работи за кинење на мускулот во задниот дел на бутот. Во таков случај, закрепнувањето на Полјакот може да потрае најмалку три недели. Тоа значи дека ќе го пропушти финалето од Купот на Шпанија против Реал Мадрид на 26 април.

Во ова сценарио тешко дека Левандовски ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите против Интер, кои се на 30 април и 6 мај.

Оваа сезона во Ла Лига, 36-годишниот напаѓач одигра 31 натпревар, на кои постигна 25 голови и 2 асистенции.

ПретходноОсимен постигнал договор со Манчестер Јунајтед
СледноЈокиќ удри по НБА: Мене не ми дозволуваат да ги врзам врвките, а погледнете што направи тој (ВИДЕО)