Нема ден да нема “закачки“ меѓу двата најголеми клубови во Шпанија, па и во светот, Барселона и Реал Мадрид. Имено веднаш по вчерашниот триумф над Селта со 4:3,а беше 1:3 за гостите од Виго, на социјалните мрежи на каталоците се појави пост на кој убаво се гледа како ти го исмеваарт својот вечен ривал.
„На крајот на краиштата, тоа беше недела за преврт“, со додавка со намигнување.
Ова доаѓа откако Реал не успеа да направи пресврт во реваншот со Арсенал, односно кога Реал не успеа да дојде до “ремонтада“.
Doncs sí que era setmana de remuntada! 😉 pic.twitter.com/4Gjyaoloqx
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) April 19, 2025