Фудбалерите на Аталанта ја совладаа екипата на Милан со 0:1 во вечерашниот натпревар во италијанската Серија А и ги оставија ширум отворени вратите за свое учество во Лигата на шампионите следната сезона, додека милан го ставија во нова незавидна ситуација далеку од позициите кои водат во Европа.
„Росонерите“ очајно бараа три бода вечерва за да се приближат од првите шест места на табелата, но желбите на домашните ги уништи како балон од сапуница Бразилецот Едерсон кој успеа да го матира Мањан во 62. минута. До крајот на мечот Милан се обидуваше да израмни, но ниту една од шансите не успеа да заврши со реализација.
Standings provided by Sofascore