Љупче Дориев е во одлична форма во Узбекистан. Македонскиот напаѓач денеска на гости кај ОКМК успеа да постигне два гола, во 47. и 58.минута, му донесе водство на својот тим Согдиана од 1:2, но бадијала, на крајот домашните победија со 3:2.
Со овие два гола искусниот македонски напаѓач се наоѓа на првото место на листата на стрелците во елитната лига во Узбекистан и тоа со 5 голови по само шест одиграни кола, има и една асистенција.
Значи Дориев продолжува со добрата форма, воопшто продолжува со одличните настапи за Согдиана во шампионатот на Узбекистан.