„Милионерите“ сѐ уште се во трка за Лигата на шампионите

47

Фудбалерите на Борусија Дортмунд на домашен терен ја победија Борусија Менхенгладбах со 3:2 во натпреварот од 30. коло на германската Бундес лига и остварија исклучително важна победа во борбата за пласман во едно од европските натпреварувања.

„Милионерите“ се уште мечтаат и за Лигата на шампионите за која се уште можат да размислуваат во прилично реални рамки. Домашната екипа ја имаше теренската иницијатива уште од самиот почеток на натпреварот, но гостите беа тие кои први погодија уште во 24. минута преку Штегер за 0:1. Серу Гираси израмни во 41’, додека три минути подоцна Феликс Нмеча донесе тотален пресврт и водствоз а домашните од 2:1.

Во последните моменти од полувремето Даниел Свенсон погоди на додавање на Гираси и ги однесе домашните на одмор со водство од 3:1.

Менхенгладбах направи се за да се врати во мечот, па Кевин Стогер во 56. минута од пенал намали на 3:2. Сепак, до крајот на мечот немаше промена на резултатот.

ПретходноТрент го донесе Ливерпул на чекор до титула, а Лестер го прати во Чемпионшип (ВИДЕО)
СледноПолувреме со многу голови: Алкалоид води минимално против Рунар