Неверојатно: Секоја трета земја во светот ќе игра на СП! С. Арабија како домаќин на Мундијалот во 2034 е ЗА!

175

Познато е дека на СП 2026, на кое домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации. Планот е и на следните две, на тоа 2030 и во 2034 да биде оваа бројка.

Сепак во последно време се наговестува или заговара, на Мундијалот во С.Арабија во таа 2034 година, да има дури 64 репрезентации.

Ако се знае дека во светот има 195 службено признати земји, тоа значи дека секоја трета земја ќе настапи на СП.

Интересно е тоа што домаќинот на Мундијалот 2034, Саудиска Арабија е за да нагости 64 селекции.

Ние сме подготвени за такво проширување, но не зависи од нас. Ако ФИФА донесе одлука да на СП кај нас има 64 репрезентации, ние таа одлука среќни и задоволни ќе ја почитуваме“ велат Саудијците.

ПретходноФОТО: Дај „пет“ за финале – Алкалоид пишува историја!
Следно„Божицата“ го однесе Милан уште подалеку од Европа (ВИДЕО)