Осасуна со победа кај последниот во Ла Лига!

19

Валјадолид – Осасуна 2:3 е епилогот од денешниот меч во Ла Лига во рамките на 32.коло. Може да се каже очекувано ако се знае дека домашниот тим е убедливо последнопласиран на табелата во елитната лига на Шанија.

Од друга страна со оваа победа тимот од Памплона е на 10.позција на табелата.

Веќе во 9.минута гостите поведоа со 0:1 со голот на Будимир, а во 34.минута беше 0:2 со голот на Гарсиа.

Домашните намалија во 49.минута со голот на Моро, за да Осасуна пак дојде до +2 со голот на Будмир, негов втор, од пенал во 60.минута.

Конечните 2:3 ги постави Сила од пенал шест минути подоцна.

ПретходноБарселона го исмеа Реал: Вака се прави пресврт! (ФОТО)
СледноКевин де Брујне: Бев во шок што не добив понуда за нов договор од Манчестер Сити!