“Перез гледа само напаѓачи, не го интересираат дефанзивци, три месеци го убедував да потпише со Серхио Рамос!“

461
Фото: ФК Реал Мадрид

Флорентино Перез е најтрофејниот претседател на Реал Мадрид во клупската историја. Дон Флорентино во светскиот фудбал е голем бренд, едноставно овој човек како бизнисмен знае како треба да се води најголемиот клуб во светот.

Но, според Ариго Саки, кој беше во Реал како директор, Дон Флорентино има проблем, не е така непогрешлив:

Добро ја познавам таа средина. Знам многу добро како се работи во Реал и како работи Перез. Тој е одличен претседател, но премногу се фокусира на напаѓачите, само нив ги гледа. Не го интересираат дефанзивците, па јас три месеци го убедував да потпише со Серхио Рамос во тоа време“ изјави легендарниот италијански стратег.

ПретходноШоу на Јокиќ, залудни 37 поени на Дончиќ (ВИДЕО)
СледноОсимен постигнал договор со Манчестер Јунајтед