Пјастри ја освои Џеда: Трета сезонска победа за пилотот на Мекларен

71

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Петтата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 добнесе возбудлива битка за бодови, во која на крајот Австралиецот ја извојува втората победа по ред на улиците на Џеда, откако победи во Бахреин пред една недела. За него ова беше и трета сезонска победа.

Светскиот првак Макс Верстапен кој тргна од пол-позицијата заврши втор, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер се најде на третото скалило на подиумот. Лидерот во генералниот пласман Ландо Норис успеа да се пробие до четвртата позиција откако стартуваше од 10. место.

Дуелот за победа траеше само неколку секунди и се случи во првиот свиок. Австралиецот беше пред актуелниот шампион, кој со прекршок се врати на првото место, но не си ја врати позицијата. Недолго потоа, трката беше забавена од безбедносното возило кое излезе на патеката, а раководството на трката го казни Верстапен со пет секунди додадени за стекнување на неправедна предност, што го чинеше победа.

По новиот триумф, Пјастри го презеде водството во генералниот поредок со 99 бодови, Норис е втор со 89, додека Верстапен е трет со 12 бода помалку од Пјастри.

ПретходноАлкалоид одличен во првото полуфинале, го победи Рунар со пет гола разлика (ФОТО)
СледноЛазаров: Победата е заслужена! Најверојатно не очекуваа дека ќе издржиме толку висок ритам!