ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)

260

Голема, екстра значајна победа на Шкендија вчера во Гостивар на гостувањето кај Беса. Иако лидерот имаше негатива сепак успеа на крајот да победи со 2:3 во еден супер интересен и квалитетен меч и да овои три бода со кои сега е чекор поблиску до титулата.

Токму затоа Јетон Беќири според „СпортСпорт“ е тренер на ова 28.коло. Умешно го водеше својот тим, и покрај фактот дека Шкендија имаше тешка задача против Воска, немаше нервоза кај Беќири и неговите играчи. Како што рековме умешно, тактички одговорно и секако со помош на квалитетот кој го поседува лидерот, на крајот Беќири и Шкендија се радуваа.

ПретходноСабаленка со ретко виден потег во тенискиот свет
СледноБарселона и официјално потврди за повредата на Левандовски!