Кевин де Брујне: Бев во шок што не добив понуда за нов договор од Манчестер Сити!

322

Сега веќе и дефинитивно се знае дека Кевин де Брујне по завршување на тековната сезона ќе го напушти Манчестер Сити. Тоа прво го објави самиот играч, а потоа и клубот.

Сепак Де Брујне, како што изјави деновиве бил непријатно изненаден од фактот дека клубот од „Итиха“ не му доставил понуда за нов договор.

Бев во шок што цела година немав понуда од Манчестер Сити за нов договор. Познато беше дека во јуни ми истекува постоечкиот договор. Тоа за мене беше големо изненадување, но таа одлука морав да ја прифатам. Така е тоа во фудбалот, клубовите ги носат одлуките и јас тоа го разбирам“ посочи покрај другото капитенот на Сити.

ПретходноОсасуна со победа кај последниот во Ла Лига!
СледноДориев двоен стрелец за Согдиана, сега е најдобар голгетер во Узбекистан!