Алкалоид со пет гола позитива патува на реван мечот во рамките на полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци на домашен терен го совладаа норвешкиот состав на Рунар со 42-35.
„Очекував тежо меч, видовме многу видео матријали, играа многу добра сезона во домашното првенство, ги респектираме. Победивме пет гола, имаме седум дена да го подготвиме мечот, но ќе биде многу тешко таму. Заслуживме да победиме денеска, но можеби не со толкава разлика. Најверојатно не очекуваа дека ќе издржиме толку висок ритам“, изјави Лазаров на прес-конференцијата и додаде:
„Се баравме во текот на мечот, не изненадија со многи детали. Во текот на мечот успеавме да се договоривме, не целосно, бидејќи имаме многу млада екипа која може да одговори“.
Иван Џонов со седум гола беше еден од лидерите на Алкалоид во победа. И тој како Лазаров очекува тежок меч на гостински терен, бидејќи Рунар игра во високо и брзо темпо во сите 60. минути.
„Честитки до противникот, тие се добар тим, играат брз разкомет, и тешко е да се издржи нивниот ритам, играат седум на шест, што пак е дополнително потешко за одбраната. Но, се надевам дека ќе се подготвиме максимално за реваншот“.
Реваншот е закажан за седум дена подоцна.