Полувреме со многу голови: Алкалоид води минимално против Рунар

195

Екипата на Алкалоид после првото полувреме против Рунар во рамките на првата полуфинална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп има водство од 21-20. Мартин Серафимов со шест гола е прв стрелец во редовите на македонскиот тим.

Алкалоид во првите седум минути направи неколку почетнички грешки, кои гостите ги искористија да поведат со 1-3. Првите три гола во овој период македонскиот тим ги постигна од седум метри, прецизен беше Мартин Серафимов (3-4). Избраниците на Кирил Лазаров со последниот пенал на Серафимов и реализација на Стојковиќ во 9-тата минута го запишаа првото водство (5-4).

Очекувано, дуелот продолжи со игра гол за гол, се играше брз разкомет. На стартот на 13-та минута, Алкалоид остана со двајца играчи помалку на теренот, па гостите вратија за 8-9. Но, дојде време да греши противникот, па македонскиот тим знаеше како да казни, во 20 минута македонскиот тим имаше водство од 15-12, не искористи напад за плус четири. Шанса да ја зголеми позитивата на истата разлика имаше и во 25 минута, при 18-15, Карасманакис направи пробивање.

Сепак норвешкиот тим покажа дека зошто е важно да се има фокус цело време, на одморот успеа да намали на еден гол негатива (21-20).

Претходно„Милионерите“ сѐ уште се во трка за Лигата на шампионите
СледноШок за Интер во Болоња, Наполи „трие“ раце (ВИДЕО)