Видовме неверојатна сцена на натпреварот Денвер против Лос Анџелес Клиперс при крајот на регуларниот дел од сезоната. Џамал Мареј му ја украде топката на Кавај Ленард на 32 секунди до крајот, а таа падна директно во рацете на Стен Ван Ганди. Искусниот тренер ја фати топката и не сакаше да ја даде никому, па ни на Никола Јокиќ.
Српскиот центар и трикратен МВП на НБА беше видно изнервиран од овој потег. Тој се се бореше со него за топката, а потоа проговори и објасни дека верува дека такви работи не треба да се случуваат. Тој дури имаше коментар поврзан со некои претходни инструкции на НБА.
„Изгледа дека тоа е дел од кошарката овие денови, иако тоа не треба да се случува. НБА сака да ја забрза топката, така ни рекоа пред почетокот на сезоната. Ми рекоа дека понекогаш кога ги врзувам врвките, крадам неколку секунди и ми рекоа дека не можам да го правам тоа, изгледаат како да го прават тоа многу повеќе“, изјави Јокиќ/
Jokic and Van Gundy fighting for the ball. 🤣🤣
— Hoop Central (@TheHoopCentral) April 19, 2025
Никола Јокиќ успеа да му ја одземе топката од рацете на Стен Ван Гунди, а потоа асистираше за тројката на Расел Вестбрук. После тоа Џејмс Харден изедначи и мечот отиде во продолженија. Јокиќ со уште една асистенција реши продолженија и сега неговиот тим води со 1:0 во оваа плеј-оф серија.