Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и не е така омилен во медиумите кои се за актуелната власт на Вучиќ, но во светот се знае кој е Новак Ѓоковиќ.
Тоа добро го знаат и во Реал Мадрид, па така на вчерашниот меч со Билбао, најголемиот тенисерна сите времиња, беше пречекан како КРАЛ. Беше во ложата, потоа беше примен од претседателот Флорентино Перез од кого доби и специјален дрес, за да по мечот пред соблекувалните сите мега – ѕвезди на Реал чекаа во ред за да се поздрават со Новак.
Прво тоа го направи неговиот голем пријател Лука Модриќ, па следуваа Винисиус, Куртоа, Белингем, Ридигер, Васкез…
Погледнете како “кралевите“ го почитуваат НАЈГОЛЕМИОТ:
🎾✖️⚽️ pic.twitter.com/pxn8tHlrFO
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) April 21, 2025