И официјално Струга ТЛ ја предаде круната. По тоа саботно реми со Гостивар на свој терен, беше 1:1, досегашниот двоен шампион има минус 16 бода од лидерот Шкендија, и ако се знае дека до крајот на сезоната во ПМФЛ има пет кола, тоа значи дека Струга ТЛ и математички не може да дојде до третата титула во низа.
Во конкуренција остануваат Шкендија со 62 бода и Силекс со 58 бода. Реално Работнички веќе нема шанси зошто е во минус од 10 бода во однос на лидерот.
Па така Шкендија по петти пат или Силекс по четврти пат, во својата историја, ќе го добијат шампионскиот пехар.
Подолу можете да го видите и распоредот во последните пет кола, кој со кого игра. Јасно е дека тимот на Јетон Беќири има поголеми шанси. Имено има +4 пред Силекс, последниот меч го игра дома со Силекс и има подобар меѓусебен скор со кратовци на претходните два меча, 4:2 и 0:0.
Секако дека кратовци не смеат да се отпишат. Оваа пролет Силекс, како и Шкендија, во серија победуваат, но четири бода си се четири бода.
Да кажеме и тоа дека Шкендија досега била шампион во сезоните 2010/11, 2017/18, 2018/19, 2020/21.
Додека Силекс се радувал трипати и тоа во сезоните 1995/96, 1996/97 и 1997/98.
ТАБЕЛА
1.ШКЕНДИЈА 62
2.СИЛЕКС 58
РАСПОРЕД ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ КОЛА
29.КОЛО – 27.04.2025
ШКЕНДИЈА – Шкупи
СИЛЕКС – Струга ТЛ
30.КОЛО – 04.05.2025
Работнички – СИЛЕКС
Струга ТЛ – ШКЕНДИЈА
31.КОЛО – 07.05.2025
ШКЕНДИЈА – Работнички
СИЛЕКС – Гостивар
32.КОЛО – 11.05.2025
СИЛЕКС – Пелистер
Гостивар – ШКЕНДИЈА
33.КОЛО – 18.05.2025
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС