„Ноле има само уште две шанси да го освои 25. Грен Слем трофеј!“

253

Еден од легендарните американски тенисери, Џон Изнер, вели дека најдобриот светски тенисер низ историјата, Новак Ѓоковиќ, нема уште многу шанси за освојување на уште еден, 25-ти Грен Слем трофеј во кариерата.

„Се надевам дека грешам, но Ѓоковиќ има уште две реални шанси да освои Грен слем“, вели Изнер.

„Моите претпоставки велат дека за Ѓоковиќ во овој момент најреално е целото свое внимание и фокус да го посвети на Вимблдон и на УС Опен. Тој старее и иако е во одлична физичка форма во моментов, главното прашање е дали може да го одржи своето ниво. Ако Новак игра како во Мајами, има големи шанси да ја освои титулата во Лондон. На еден натпревар имаше 83% проценти на прва топка. Ако може да ја задржи границата над 65%, тогаш победата оваа година е реална можност“, рече Изнер.

ПретходноТах потврди дека си заминува од Баер (Л), следна дестинација Шпанија!
Следно„Златна Топка“: Рафиња и натаму е фаворит бр. 1, го „бркаат“ Дембеле и Јамал