Барса побара од Ла Лига да го премести натпреварот против Ваљадолид порано за подобро да се подготви за реваншот против Интер во Лигата на шампионите. Според распоредот, двата тима треба да се сретнат во 34. коло од Ла Лига на меч закажан за 3 мај со почеток во 21:00 часот.
Како што пренесува „Релево“, каталонскиот клуб побарал да се помести почетокот на натпреварот во 14:00, 16:15 или 18:30 часот за тимот подобро да се подготви за реваншот против Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Блауграна“ на 6 мај ќе игра против Интер во Милано.
Во писмото, Барселона се заблагодарува на лигата за промената на датумот на натпреварот, првично закажан за 4 мај.