ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес, играч на Осогово пренесен во болница во Охрид!

596

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во ВМФЛ. Интересно, ниту една од водечките екипи не направи кикс, сите победија и освоија по три бода, па така на табелата во горниот дел нема никакви поместувања.

Македонија ЃП на свој терен со 1:0 славеше против Детонит. Башкими се очекуваше да има полесна задача со Вардарски, но сепак не беше така.Дури во самиот финиш кумановци го скршија отпорот на тимот од Богданци за победа од 2:0. Арсими, исто така на свој терен, успеа да го победи Кожув со 0:1.

Триумф и на Брегалница во Велес со 0:1, многу значајна победа на „сините“ од Штип.

Да кажеме и тоа дека на средбата во Охрид, каде играа истоимениот тим и Осогово, во самиот финиш на средбата дојде до несакан судир меѓу два протовнички играчи, подебелиот крај го извлече гостинскиот и веднаш беше пренесен во болница во Охрид.

Во продолжение можете да ги видите резултатите од сите денешни мечеви:

РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО

Арсими – Кожув 1:0

Башкими – Вардарски 2:0

Беласица – Скопје 1:0

Борец – Брегалница 0:1

Македонија ЃП – Детонит 1:0

Новаци – Вардар (Н) 2:0

Охрид – Осогово 2:2

Победа – Саса 1:0

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 56, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51…

ПретходноХанси Флик: Го разбирам незадоволството на дел од нашите играчи, но не и нивната реакција!
СледноНи Меси, ни Зидан: Еве за Анри кој е најдобар со кого играл!(ФОТО)