Изгуби 50 поени, па порача: Може и полошо – да бидеме бездомници!

92
Фото: Мемфис/Твитер

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џерен Џексон Јуниор, даде интересна изјава по убедливиот пораз од неговиот тим на стартот од плејофот во НБА лигата.

Еден од клучните играчи на Гризлис имаше слаб настап во убедливиот пораз од Оклахома (131:80), постигнувајќи само четири поени на 2/13 шут од поле.

По мечот од него беше побарано да даде коментар за натпреварот, по што измати реченица која сигурно ќе си најде место во антологијата на најсилната лига во светот.

„Може да биде полошо, би можеле да бидеме бездомници“, рекол сосема сериозен Џексон.

Навивачите оваа изјава на 25-годишникот ја протолкуваа како тој да се откаже по првиот натпревар против најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната.

За два дена е закажана нова пресметка меѓу Оклахома и Мемфис.

ПретходноПроблем во Астон Вила, Воткинс јавно кажа дека му е лут на Емери
СледноИ официјално Струга ТЛ ја предаде круната! Шкендија или Силекс, кој ќе биде шампион? Еве кој со кого во последните пет кола