Лидс и Барнли на две кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип обезбедија пласман во Премиерлигата. Засега отворено е само прашањето кој ќе биде шампион бидејќи двата клуба сега имаат по 94 бода на првите две места.
Во битката за титулата во Чемпионшип, Лидс ќе му гостува на Бристол Сити, а во последното коло ќе му гостува на Плимут. Барнли има гостување кај Квинс Парк Ренџерс и дуел со Милвол на домашен терен до крајот на сезоната.
Лидс беше убедлив против Стоук, додека Барнли денеска го победи Шефилд Јунајтед во директна пресметка за промоција.