Ни Меси, ни Зидан: Еве за Анри кој е најдобар со кого играл!(ФОТО)

328

Тиери Анри во свое време важеше за мега – ѕвезда во светскиот фудбал, посебно кога беше дел од онаа моќна генерација на Арсенал пред две децении.

Покрај репрезентацијата на Франција и Арсенал, Анри играше и за Јувентус и Барселона. Па така играл заедно со Меси, Зидан, Роналдињо, Иниеста, Чави, Виеира, Ибрахимовиќ, Ето.

На прашањето кој според него е најдобар играч од негово време, Анри по малку изненадувачки одговори:

Секоја чест за Меси и Зидан, тоа се фудбалски чудовишта, но сепак за мене најдобар е Денис Бергкамп со кого играв заедно во Арсенал. И тоа поради фактот дека за тие седум години го гледав секој ден на тренинзи и многу добро знам што зборувам. Денис го правеше тоа што се бараше од него. Просто се воодушевував колку тој ја почитуваше играта. И на тренизите беше победник, сакаше секој дуел да го добие, просто неверојатно“ посочи покрај другото славниот Анри.

ПретходноВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес, играч на Осогово пренесен во болница во Охрид!
СледноВо Италија може да се случи мајсторка меѓу Интер и Наполи да решава за титулата!