Официјално: Постапка против Воска, ќе има и казни за охриѓани, прекинатиот меч е регистриран со 3:0 за Вардар!

1037

И официјално. Надлежните во ФФМ покренуваат постапка против Воска, односно клубот од Охрид ќе биде предаден на Дисциплинска, а Вардар, овој меч кој беше прекинат во 75.минута, го доби со службени 3:0.

Ова значи дека Вардар сега има 32 бода. Ова е одлука на Натпреварувачката комисија која утре само ќе се озваничи, со оглед на тоа дека денеска е неработен ден.

Инаку јасно е дека Воска ја чека казна од страна на Дисциплинската комисија за напуштање на теренот и ќе биде санкционирана со одземање на бодови и тоа од 3 до 9. За ова решава Дисциплинецот до крајот на оваа седмица.

ПретходноМВР ги пушти приведените играчи на Гостивар, пасошите им се одземени, добија и кривични пријави!
СледноГолемото дерби меѓу Пелистер и Вардар се игра во четврток (18.30 ч), билетите утре се пуштаат во продажба! (ФОТО)