Џирона се поблиску до Сегунда

93

Фудбалерите на Бетис ја совладаа екипата на Џирона со 1:3 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски не запиша настап на денешниот натпревар.

Резултатот го отвори Џони Кардосо во 6-тата минута, а до крајот на полувремето погодија и Антони во 39-тата и Иско во 42-та минута за целосен потоп на Џирона. До крајот на натпреварот Стуани го ублажи поразот на домашните со гол во 86-тата минута.

Со овој пораз Џирона остана на 16-тото место на табелата со 36 бода, додека пак Бетис се наоѓа на 6-тото место со 51 бод.

Претходно„Шумарите“ ја продолжија агонијата на Тотенхем