Баер (Л) потврди: Ако Реал го бара Чаби не можеме да го спречиме да си оди!

209

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, изјави дека клубот има договор со тренерот Чаби Алонсо дека доколку добие понуда од некој од неговите поранешни клубови, може да го напушти тимот.

„Имаме премолчен договор дека доколку некој од тимовите за кои настапуваше испрати понуда, ќе седнеме да разговараме и дека нема да правиме никакви опструкции“, изјави Каро.

Чаби Алонсо е тренер на Баер Леверкузен од септември 2022 година, но многумина го преселија во Реал (М), каде ова лето би требало да го наследи Карло Анчелоти.

„Не сме наивни, но функцијата тренер е многу важна за еден клуб, и точно е дека со него се подготвуваме за следната сезона, тој е целосно вклучен во подготовките за следната сезона“, вели извршниот директор на „фармацевтите“.

Претходно50 години купуваат сезонски билети за Манчестер Ј., а сега Редклиф решил да ги брка од трибини!?
СледноБарселона повторно бара преместување на мечот со Ваљадолид, сега бараат дневен термин