“Бомба“: Реал Мадрид тргнува по Родри!

260

На последното доделување на „Златната топка“ го бојкотираа, поради нивниот играч Винисиус, сега тргнуваат по него и се надеваат дека ви јуни ќе можат да го ангажираат.

Секако дека станува збор за Реал Мадрид и Родри, еден од најдобрите играчи за врска и клучен фактор во составот на Манчестер Сити. Шпанецот ја пропушти оваа сезона поради тешка повреда и има договор со Сити до 2027 година, но сепак кога Дон Флорентино сака некој да донесе на „Сантијаго Бернабеу“, во тоа и успева.

Јасно е дека овој Реал без Тони Крос не е тој што треба да биде. Јасно е дека убаво е да ги имаш Мбапе, Вини, Белингем и останатите мега – ѕвезди, но некој треба и да трча фудбалски кажано.
Секако дека ова е тешко остварливо, Пеп Гвардиола нема шанси да се согласи да го пушти својот најдобар играч во Реал, се виде на што личи Сити оваа сезона без Шпанецот, но сепак ретко кој ги одбил Реал Мадрид и посебно Флорентино Перез.

ПретходноКендрик Нан е МВП во Евролигата!
СледноВо среда се играат откажаните мечеви во Серија А поради смртта на папата